Пита со вишни

Од:

За овој прекрасен овошен колач може да користите свежи или пак замрзнати вишни …

Потребно е: 
за кората: 
300 гр брашно
1/2 рамна лажичка сол
150 гр ладен путер, исецкан на коцкички
100 гр шеќер во прав
1 јајце

за кремот: 
250 мл млеко
2 жолчки
1 кесичка пудинг од ванила
3 кесички ванилин шеќер
100 гр шеќер
50 гр омекнат путер

за овошниот фил: 
300 гр исчистени вишни
100 гр шеќер
5 гр желатин

Подготовка: 
– Прво подгответе ги вишните. Исчистените вишни помешајте ги со шеќерот. Загрејте ги до вриење и потоа оставете ги да стојат додека не пуштат сок.

– Сега подгответе го бисквит тестото. Во еден подлабок сад помешајте ги брашното и солта и додадете ги коцките путер. Со прсти втријте го брашното во путерот додека не добиете ронливо тесто. Додадете го шеќерот во прав и 1 разматено јајце. Формирајте компактно тесто без многу месење, прво со дрвена лажица, па потоа со раце. Тестото обликувајте го како топка, ставете го во кеса и кесата сплескајте ја во форма на диск. Вака подготвеното тесто ставете го да стои 1 час во ладилник.

– Следниот чекор е да го подготвите овошниот фил. Во едно тенџере со маталка разматете ги двете жолчки со 50 мл млеко и прашокот за пудинг. Во друго тенџере загрејте 200 мл млеко со 100 гр шеќер и 3 кесички ванилин шеќер до вриење. Ова сипете го преку смесата во првото тенџере и вратете го на рингла на тивко да се вари со постојано мешање со маталка додека не почне да се згуснува, пу уште минута или две. Површината на филот обложете ја со пластична фолија за да филот да не фати коричка. Оставете да се излади.

– Довршете ја кората. Оладеното тесто од ладилник развлечете го во форма на круг со дијаметар да се покрие дното и страните на округла тава за печење на тарт. Со раце убаво притиснете го тестото и залепете го за страните на тавата. Ако имате дел од тестото надвор од рабовите тогаш со остар нож исечете го. Тестото избоцкајте го со вилушка и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени 20-25 минути.

– Довршете го филот. Изладената смеса изматете ја со миксер и во неа додадете го омекнатиот путер и заедно убаво изматете за да добиете една хомогена смеса.

– Печената кора префрлете ја на некоја поголема чинија. На кората нанесете го филот и измазнете.

-Желатинот ставете го во некој помал сад и прелијте го со две лажици ладна вода и оставете го неколку минути да набабри. Потоа почнете да го загревате на тивко за да стане течен и сите зрна желатин да се растопат.

– Растопениот желатин додадете го во вишните и промешајте. Со лажица полека сипете ги вишните со желатин над жолтиот крем.

– Оставете го во ладилник тартот да се излади и желатинот да се стегне пред да го сервирате.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска