Пита со тиквички, моркови и сирење

Од:

Многу лесно и брзо ќе ја подготвите …

Потребно е:
1 средно голема тиквичка
1 поголем морков
1 зелена пиперка
250 гр свежо сирење
4 јајца
100 гр гриз
1 лажиче сол
1 рамно лажиче мелен бел бибер

Подготовка:
– Изрендајте ги тиквичката, морковот и пиперката. Додадете сол и бибер, измешајте па додадете ги јајцата, гризот и сирењето. Повторно уваво измешајте.

– Во намастена и со брашно посипана тава сипете ја горната смеса и израмнете.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути, додека да порумени.

– Оставете ја 10-тина минути да се излади, исечете ја на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска