Неверојатно вкусна пита која многу бргу ќе ја подготвите …
Потребно е:
350 гр свеж или смрзнат спанаќ
1 страк праз
400 гр шампињони
100 гр фета сирење
6 јајца
150 гр изрендан кашкавал (гауда, ајдамер, ементалер)
2 лажици маслиново масло
сол и бибер, по вкус
125 мл млеко
125 мл павлака за готвење
Подготовка:
– Празот измијте го и исечете го на тенки листови. Шампињоните измијте ги и исечете ги на подебели листови. Спанаќот исчистете го, измијте го убаво и покрупно исечете го.
– Во подлабок сад на рингла сипете го маслото и на загреаното масло пропржете го празот додека не омекне. Потоа додадете ги сецканите шампињони. Динстајте ги додека не испари целата течност што ќе ја пуштат.
– Додадете го исецканиот спанаќ, посолете и побиберете и динстајте додека малку не омекне спанаќот. Потоа садот трнете го на страна и оставете да се излади убаво.
– Округла тава со дијаметар од 25 см намастете ја убаво со масло.
– Во еден сад ставете ги јајцата додадете ги половина од изренданиот кашкавал, павлаката и млекото, посолите и побиберите и убаво изматете со жица за матење.
– Во изладената смеса со спанаќ, додадете го крупно издробеното сирење и смесата со јајца и убаво измешајте. Оваа смеса сипете ја во намастената тава.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 175 целзиусови степени околу 45 минути, но после 30 минути проверете со чепкалка за заби и смалете ја температурата на 160 степени и печете уште 10 до 15 минути.
– Печената пита посипете со преостанатиот изрендан кашкавал и вратете ја во рерна само да се растопи кашкавалот.
– Оставете ја питата да се излади, исечете ја на парчиња и послужете.