Како денешно предјадење подгответе ја оваа вкусна и брза пита …
Потребно е:
за првиот фил:
3 јајца
200 мл јогурт
120 гр гриз
100 мл масло
сол
за вториот фил:
450 гр мешано мелено месо
1 страк праз
1 јајце
1 лажиче мелена црвена пиперка
1 лажица гриз
20 гр пармезан
250 гр шампињони
100 мл масло
мелен сув зачин
500 гр кори за пита
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги јајцата, маслото, јогуртот и гризот. Додадете сол по вкус и убаво измешајте за да се соединат сите состојки.
– Празот исецкајте го ситно, а шампињоните на листови.
– На малку масло пропржете го празот да омекне. Потоа во тавата додадете го месото. Додадете малку водичка и пржете го додека да омекне.
– Пред крај додадете ги шампињоните и зачините по вкус и динстајте додека не испари целата течност. Подготвениот фил тргнете го на страна и оставете го да се излади.
– Во изладениот фил додадете ги гризот, јајцето и пармезанот. Измешајте.
– Првата кор испрскајте ја со масло и поклопете ја со втората кора. Втората и третата кора испрскајте ги со првиот фил и поклопете ги со четврта кора. На оваа кора нанесете од вториот фил.
– Корите замотајте ги како ролат и ставете ги во намастена тава. Повторувајте ја истата постапка додека не ги потрошите сите кори и сите состојки. Треба да добиете три ролати.
– Оставете малку од првиот фил за премачкување на готовите ролати пред да ги печете.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 35 минути.