Оваа многу вкусна и ароматична пита со ананас нема да погрешите ако ја направите…
Потребно е:
180 г шеќер
30 г путер
2 јајца, одделени жолчките од белките
80 г нишесте
1 лажиче екстракт од ванила
120 мл вода + 2 лажици
230 г ананас од конзерва или свеж
замрзнато лиснато тесто за пита
2 белки (од јајцата погоре)
прстофат сол
90 г шеќер
1 лажиче ванила
Подготовка:
– Во тенџерче ставете 3/4 од шеќерот и путер.
– Од двете јајца одделете ги жолчките од белките, и жолчките ставете ги во тенџерето.
– Сите состојки изматете ги убаво со миксер, додека да се растопи шеќерот.
– Ставете ја ванилата и изматете пак со миксер.
– На крај, ставете ги парчињата ананас. Ако се во поголеми парчиња, исечкајте ги поситно. Ставете и малку од сокот. Изматете со миксер додека да добиете еднолична смеса.
– Тенџерето ставете го на рингла загреана на средна температура и оставете го да прокрчка филот неколку минути, односно додека да се згусне филот и испари течноста. Филот треба да биде густ.
– За тоа време, тестото за пита ставете го во тавче за печење и испечете го 6-8 минути, додека да фати малку боја.
– Кога ќе биде тестото печено, ставете го филот и еднакво распоредете го. Покријте со пластична фолија, ставете го фрижидер и почнете со подготовка на шамот.
– Рерната загрејте ја на 200 целзиусови степени.
– Во длабок сад ставете ги белките, заедно со шеќерот, прстофат сол и ванила. Матете со миксер додека да добиете мазен и густ шам од белки. Шамот распоредете го еднакво врз питата.
– Со нож направете издигнати форми за да изгледа питата убаво додека се пече.
– Питата ставете ја во рерна 6-8 минути, додека да се зацрвени шамот. Не ја оставајте предолго, затоа што може да се препече и да биде сува.