Пиперки со кус-кус и бадеми

Од:

Интересно полнење на пиперки …

Потребно е:
8 средно големи црвени пиперки
150 гр кус-кус
100 гр урми без семки
50 гр путер
2 чешниња лук
прстофат шафран
350 мл супа од зеленчук
1/4 лажиче цимет во прав
1 мала главица кромид
120 гр печени несолени бадеми

за лутиот прелив од бадеми:
250 гр грчки јогурт
сок од 1/2 лимон
1/2 лажиче слатка мелена црвена пиперка
1/2 лажиче лута мелена црвена пиперка
1/4 лажиче мелена кајенска пиперка

Подготовка:
– Црвените  пиперки исечете ги по должина по средината и малку околу рачките. Исчистете ги од семките.

– Во поголемо тенчере ставете вода и ставете го да се вари. Кога ќе почне да врие водата, малку посолете и ставете ги пиперките да се варат на кратко, околу 2 минути. Извадете ги со решеткаста лажица и ставете ги во ладна вода. Исцедете ги и оставете ги на страна.

– Во чинија ставете ги кус-кусот, ситно сецканите урми, путерот, стиснатиот лук и шафранот. Сипете ја врелата зеленчукова супа, промешајте со вилушка, поклопете го садот и оставете да стои 30-тина минути.

– Со вилушка растресете го кус-кусот, додадете ги циметот, ситно сецканиот кромид и ситно сецканите бадеми. Зачинете по вкус и измешајте.

– Со горната смеса наполнете ги пиперките и затворете ги со чепкалки за заби.

– Одозгора искапете ги со малку маслиново масло. Ставете да се пржат на загреана тава, на средна температура, околу 10 минути.

– За преливот помешајте ги сите состојки и зачинете со сол и бибер по вкус.

– Тргнете ги чепкалките за заби од пиперките, секоја внимателно отворете ја и внимателно со вилушка растресете го полнењето.

– Ова јадење послужете го топло со лутиот прелив од јогурт.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска