Пипа Мидлтон сака да замине од Англија

Од:

Сестрата на војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон не може повеќе да живее во Велика Британија.

Таа не сака постојано да биде под лупа на кралското семејство, кое и одредува што може да работи, а што не и поради тоа сака да се пресели во САД.

Секогаш подготвена за забава, симпатичната Пипа не им обрнува внимание на политичарите, па британските медиуми неодамна напишаа дека во една можност таа се сретнала со министерот за финансии, Џорџ Озбор, но не знаела кој е човекот пред неа. Тој ја поздравил, но таа го прашала кој е и со што се занимава.

На Пипа неодамна и беше забрането да се појави на едно спортско случување на кое присуствуваше Елизабета II, бидејќи може да се случи да го засени присуството на кралицата.

На сето тоа Пипа вели дека нејзината сестра избрала да живее на тој начин, но таа не мора.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он