ПИН фестивал во организација на „Таксират“ со повеќе од 30 бесплатни концерти

Од:

Од 30 ноември до 2 декември во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи меѓународна ПИН музичка конференција и шоукејс во организација на фестивалот „Таксират“.

– Само во рамки на концертната програма, ПИН во Скопје претставува повеќе од 30 музички артисти чии концерти и настапи ќе се одржуваат со бесплатен влез за посетителите. Во чест на 20 години алтернатива во Македонија, овој единствен кај нас европски музички собир го акумулира во Скопје музичкиот талент од меѓународната сцена и бројни македонски артисти кои го заслужуваат глобалното внимание, соопшти Пасворд продукција.

ПИН шоукејс фестивалот ќе го отвори австралиско-американскиот бенд Liars на 30 ноември. Тие се експериментален андерграунд арт-рок бенд, кој на ПИН настапуваат во рамките на својата светска турнеја за новито студиски албум, а вечерта ќе ја отвори македонскиот бенд Палиндром.

На првата фестивалска вечер се најавени и настапи на: Baba Zula од Турција, It’s Everyone Else од Словенија, Vizelj од Србија, како и македонските бендови: Фолтин, Поган Паган, Баклава, Културно уметнички рабтници и Контакт 59.

Би можело да ве интересира

Таксират Фестивал 25 започнува во јануари

Ана Ололовска

Заврши годинешното издание на музичкиот фестивал „Таксират“

А1он

Финале на 23. „Таксират“ – ќе настапат Брејча, Партибрејкерс, Мизар, Санаториум

Ана Ололовска

Финалето на 23. „Таксират“ утревечер со Брејча, Партибрејкерс, Мизар и Санаториум

А1он

Dead Can Dance ќе настапат во Скопје

А1он

На „Архангел“ се пее преку маски седнати на столчиња

Ана Василевска