Dead Can Dance ќе настапат во Скопје

Од:

Во рамки на Таксират фестивалот, што ќе се одржи на 23 и 24 мај 2022 година, првпат ќе настапи дуото Dead Can Dance. Тие ќе одржат два концерти во Скопје, во Македонскиот народен театар.

Лиза Џерард важи за еден од најубавите светски вокали на современата музика. Заедно со Брендан Пери, веќе четири децении го пренесуваат својот длабок уметнички интегритет.

Досега имаат издадено осум студиски и три албуми во живо. Славни се и како композитори на музика за филмови, меѓу кои најпозната е музиката за филмот „Гладијатор“ на Ридли Скот.

Билетите за двата концерти ќе бидат пуштени во продажба в петок, 17 септември 2021 година преку продажната мрежа на МкТикетс.

Би можело да ве интересира

Пијанистот Дино Имери и квартетот „Такси Конзилиум“ на фестивалот „Крај Вардарот џез“

Одржан концертот „Живеј со музика“ во Делчево

А1он

Диџеите на „Охрид колинг“ ја вратија забавата во градот, се соблекуваа на сцената и се журкаа со публиката

Кристијан Ландов

Концертна промоција на албумот „Рефлексии“ на Дино Имери

Експеримент во Барселона: Одржан концерт за 5.000 лица со негативен ПЦР тест

На „Архангел“ се пее преку маски седнати на столчиња

Ана Василевска