Заврши годинешното издание на музичкиот фестивал „Таксират“

Од:

Со премиерниот настап на изведувачот Борис Брејча завчера заврши 23-тото издание на „Таксират“ фестивал. Фестивалот се одржуваше од 25 ноември до 7 декември на различни бини и локации во Скопје, со вкупно 44 музички настапи.

Од нив, дури 14 изведувачи, меѓу кои и„Мизар“, „Партибрејкерс“, „Санаториум“, беа дел од деветчасовната програма на главната вечер. Главната вечер, која се одржуваше во С.Ц. „Борис Трајковски“, понуди речиси девет часа музичка програма со истовремени настапи на три различни бини.

-Со импресивни специјални ефекти, во Арената исполнета до својот максимален дозволен капацитет, апсолутниот миленик на клупската публика Борис Брејча ни подари еден од своите епски сетови, а публиката на „Таксират“ имаше привилегија да биде меѓу првите во светот пред кои тој го претстави и својот нов албум објавен пред само 10 дена и го покажа сиот раскош на неговиот талент. А, дека и за него „Таксират“ беше посебна вечер ни покажа со тоа што го продолжи својот сет за цел час повеќе од стандардното траење на ваквите настапи, соопштија од тимот на „Пасворд Продакшн“.

Оттаму посочија дека единствено музичко искуство приреди и неговата долгогодишна соработничка, Ен Клу која со својот специфичен и моќен сет пружи неверојатна енергија за танц и беше вистински избор за вовед во завршницата на големото финале.

Главната бина помина и во знакот на трите бендови од најголемо значење за музичката сцена во регионов.

-Публиката најпрво ја воодушевија мајсторите на треш-метал музиката, македонскиот „САНАТОРИМ“ на чиј маестрален и жесток настап главната бина одекна во својот најекстремен звук. По нив следуваше импресивниот концерт на култниот „МИЗАР“ кој ја маѓепса публиката со својот уникатен и моќен звук кој благодарение и на одличните визуелни и светлосни ефекти на бината се прелеа во инспиративен амбиент за вистинско уживање. Партерот на Арената потоа го исполни публиката од различни генерации кои на „Таксират“ со своите вонвременски хитови ги обедини легендарното име на регионалната музичка сцена, неуништливите „ПАРТИБРЕЈКЕРС“ кои брилираа на главната бина со моќен, чистокрвен рок настап, посочија организаторите.

Третата фестивалска бина пак, како што додаваат, беше резервирана за најуникатната атмосфера со тивкиот но разигран подиум на „Сајлент Диско“ каде што публиката на слушалки можеше да го одбере својот омилен настап од трите кои паралелно се одвиваа зад диџејскиот пулт и тоа од страна на диџеите Мартин, Рутбој и Кејп.

-Оваа програма на „Таксират“ уште од првата најава предизвика огромен интерес кај публиката од целиот регион и пошироко, а згора на тоа и се одржуваше во ограничен капацитет кој го наложува актуелниот протокол, па на распродадената главна вечер уште огромен број посетители останаа до последен момент во потрага за билет повеќе, потенцираат од тимот на „Пасворд Продакшн“.

Би можело да ве интересира

Таксират Фестивал 25 започнува во јануари

Ана Ололовска

Финале на 23. „Таксират“ – ќе настапат Брејча, Партибрејкерс, Мизар, Санаториум

Ана Ололовска

Финалето на 23. „Таксират“ утревечер со Брејча, Партибрејкерс, Мизар и Санаториум

А1он

Dead Can Dance ќе настапат во Скопје

А1он

На „Архангел“ се пее преку маски седнати на столчиња

Ана Василевска

Почнува 21-то издание на Таксират

Ана Ололовска