Пилешко на кинески начин …
Потребно е:
450-500 гр пилешко бело месо
1 лажица сос од соја
2 чешниња лук
1 лажица ситно рендан свеж ѓумбир
1 млад кромид
1 лажица тостиран сусам
масло од сусам
лут чили сос, по желба
за сосот од портокал:
70 мл свежо исцеден сок од портокал
2 лажици сос од соја
1 лажица оцет од ориз (или јаболков оцет)
1 лажиче мед
1 лажиче нишесте
Подготовка:
– Пилешкото месо исецкајте го на коцки, ставете го во шинија и прелијте го со 1 лажица сос од соја. Измешајте и оставете го неколку часа да се маринира.
– За сосот, измешајте ги сокот од портокал, соја сосот, оцедот од ориз, медот и нишестето. Лукот ситно исецкајте го или испасирајте го низ преса и ситно исецкајте го младиот кромид. Измешајте ги белиот дел од кромидот (зелениот оставете го за декорација), лукот и ѓумбирот.
– Во вок тава загрејте мала количина на масло од сусам и испржете го месото. Испрженото месо извадете го од тавата и во истата тава испржете го младиот кромид, лукот и ѓумбирот. Кога ќе замирисаат вратете го пилешкото месо во тавата, измешајте и сипете го сосот. Оставете неколку минути да се вари на умерена температура и тргнете ја тавата од рингла.
– Пилешкото послужете го со сварен ориз или нудли. Посипете со тостиран сусам и зелените делови од младиот кромид.