Вкусно и кремасто …
Потребно е:
2 парчиња пилешки гради
1/2 главица кромид
200 мл пилешка супа
2 лажици сок од лимон
4 чешниња лук
1/2 лажиче крупно мелена лута црвена пиперка
2 лажици путер
75 мл павлака за готвење
1 гранче свежо нане
Подготовка:
– Парчињата бело месо посипете ги со сол и бибер и испржете ги од двете страни на 1 лажица маслиново масло. Извадете го месото од тавата и оставете го на страна.
– На истата маснотија во тавата испржете го кромидот 1-2 минути.
– Додадете ги супата, сокот од лимон, изгмечениот лук и мелената црвена пиперка и динстајте околу 10 минути.
– Тргнете го сосот на страна, додадете го путерот и мешајте додека да се растопи.
– Додадете ја и павлаката и вратете ја тавата на рингла додека сосот кратко не проврие.
– Вратете го месото во тавата, прелијте го со сосот и оставете да се крчка 5-6 минути, додека да се згусне сосот, а месото убаво да омекне.
– Послужете го веднаш декорирано со листови свежо нане.