Пилешко во црвено со палента и праз

Од:

Интересна идеја за еден вкусен колоритен ручек …

Потребно е:
1 пиле од околу 1,5 кг
1 поголема главица кромид
3 моркови
3 гранчиња магдонос (корен и листови)
1 свежа црвена пиперка
1 конзерва домати пелати
200 мл бело вино
мелена црвена пиперка
маслиново масло
сол и бибер
неколку гранчиња темјан

Подготовка:
– Пилето исечете го на парчиња и посолете ги.

– Морковите исчистете ги и изрендајте ги.

– Магдоносот исчистете го и ситно исецкајте го и коренот и листовите.

– Кромидот ситно исецкајте го.

– Во еден подлабок сад на маслиново масло испржете ги од двете страни копаните, надкопаните, крилцата и белото месо.

– Месото извадете го на чинија, а на истата маснотија испржете го кромидот. Потоа додадете го останатиот зеленчук, малку вода и динстајте го 10-тина минути.

– Додадете ги исецканите домати пелати, темјан, мелена црвена пиперка, сол и бибер и оставете да се динста уште неколку минути.

– Вратете го месото во садот и досипете уште малу вода и бело вино, протресете го садот и оставете да се вари од 30-45 минути додека месото убаво не омекне, односно додека не почне да се одвојува од коските, а сосот убаво да се згусне.

– Во друг сад на рингла на маслиново масло продинстајте го празот и на крај посолете го.

– Сварете ја палентата во посолена вода со малку путер во неа. Измешајте ги празот и сварената палента и смесата сипете ја во тесна тава.

– Пилешкото со црвен сос сервирајте го со парчиња палента со праз.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска