Пилешко со пршута

Од:

Интересен спој на состојки, а неверојатен кремаст вкус …

Потребно е:
500 гр пилешко бело месо
100 гр говетска пршута
2 помали страка праз
2 моркови
50 гр путер
2 чешниња лук
сол, мелен црн бибер
мелен сув зачин
200 мл бело вино
200 гр маринирани шампињони
1,5 лажица пармезан
1 китка магдонос
1 лажица кисела павлака

Подготовка:
– На загреано масло пропржете ги морковите исецкани на тркалца. Кога ќе омекнат додадете го ситно сецканото лукче и на мали коцки исецканото пилешко месо. Посипете со соли бибер, по вкус.

– Кога месото ќе побели сипете го белото вино, поклопете го садот и динстајте 15-тина минути. Потоа тргнете го капакот и динстајте уште 5 минути и додадете ги шампињоните, исечени на половинки и мелениот сув зачин, по вкус.

– Варете неколку минути и додадете го сецканиот магдонос, искинатата на парчиња пршута, павлаката и пармезанот. Измешајте и тргнете го садот од рингла.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска