Пилешко со кромид и маслинки

Од:

Пилешко во вкусен сос од кромид …

Потребно е:
400 гр пилешко бело месо
200 гр кромид
1 чешне лук
250 мл супа (пилешка или зеленчукова)
1 лажица брашно
сол и бибер, по вкус
1/3 + 1/4 лажиче кари во прав
маслиново масло
1/2 лажиче шеќер
5-6 маслинки
свеж магдонос

Подготовка:
– Пилешкото месо исечете го на коцкички, полијте го со млеко и оставете го преку ноќ во млекото.

– Измешајте ги брашното, солта, биберот и 1/3 лажиче кари. Секое парче месо увалкајте го во оваа мешавина.

– Во тава на рингла сипете неколку лажичиња маслиново масло и испржете го месото. Испржените коцкички пилешко месо префрлете ги во чинија и тргнете на страна.

– Кромидот исечете го на тркалца.

– Во тавата во која го пржевте пилешкото месо додадете малку маслиново масло, оставете малку да се загрее и додадете го сецканиот кромид и 1/2 лажиче шеќер. Оставете да се динста на средна температура, со повремено мешање. Динстајте додека кромидот потполно да омекне и скоро да почне да се карамелизира, околу 10-15 минути.

– Сега додадете 1/4 лажиче кари, малку сол и изрендано чешне лук. Динстајте уште неколку минути и додадете го месото и полијте со супата. Оставете да се вари на средна температура (не ја покривајте тавата) додека малку да се згусне сосот. Внимавате да не испари целата течност.

– Кога ќе биде готово додадете ги маслинките исецкани на тркалца и сецканиот свеж магдонос.

– Сервирајте со сварен ориз или тестенини.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска