Комбинација од пилешко месо, печурки, јајца и павлака во лиснато тесто … Многу фино и вкусно јадење.
Потребно е:
500 гр замрзнато лиснато тесто
500 гр пилешко бело месо
400 гр печурки
2 јајца
1 младо кромидче
1 чешне лук
мелен сув зачин
мајчина душичка
мелена црвена пиперка
власец
сол, бибер
50 гр кашкавал гауда
малку маслиново масло
Подготовка:
– Пилешкото месо исечете го на поголеми парчиња, зачинете го со сол, бибер, мелен сув зачин и мелена црвена пиперка. На малку загреано маслиново масло пропржете ги парчињата месо од сите страни.
– Печурките измијте ги убаво и исецкајте ги на тенки листови. Младото кромидче и чешнето лук исецкајте ги ситно. Продинстајте ги заедно на истата маснотија на која го пржевте месото. Зачинете по вкус, со сол, бибер и мајчина душичка.
– Двете кори лиснато тесто ставете ги на работната површина и развлечете ги со димензија на тавата во која ќе печете. Ставете ги една врз друга во намастената тава и одсечете го вишокот тесто кое излегува надвор од рабовите на тавата.
– На тестото ставете прво половина од смесата со печурки, потоа ставете го рамномерно месото и на крај завршете повторно со печурките.
– Убаво изматете ги јајцата со киселата павлака и прелијте над печурките. Одозгора изрендајте го кашкавалот.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.