Едноставен рецепт. Богат вкус.
Состојки:
4 парчиња пилешки гради
3 лажички брашно
1,5 дцл бело вино
250 гр шампињони
1 сецкан кромид
250 гр домати
Сол, мешан зачин, магдонос
Масло
Подготовка:
Исечете го пилешкото на половина, измијте го, исушете и посолете.
Истркалајте го месото во брашно и испршете го на веќе загреано масло. Додајте вино и оставете го да крчка 10- 15 мин. По потреба може да додате и вода доколку испари виното.
Исецкајте ги печурките и кромидот. Пропржете ги на тивок оган. Кога малку ќе омекнат додате го исецканиот домат. Додајте го магдоносот и оставете да крчка 15тина минути.
Ставете го пилешкото преку сосот од печурки и додате свеж магонос.