Вкусни шницли од рерна, без маснотија и јајца …
Потребно е:
8 пилешки шницли
мелен сув зачин
бибер во прав
125 мл јогурт
100 гр мелени крекери
Подготовка:
– Шницлите истенчете ги со дрвен чук и зачинете ги со мелен сув зачин и бибер.
– Потопете ги од двете страни во јогурт, а потоа увалкајте ги во мелените крекери.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25 минути.