Потребно е:
450 гр пилешки копани и надкопани, без кожа и коски
1 црвено слатко јаболко
50 гр помасна чадена сланина
30 гр пекорино кашкавал, изрендан
1 жолчка
1 лажица семки од коморач
за сервирање:
1/2 црвено слатко јаболко
1/4 поголем коморач
60 гр млад спанаќ или зелена салата
1/2 лимон
Подготовка:
– Пилешкото месо крупно сомелете го. Јаболкото крупно изрендајте го и со раце исцедете го сокот.
– Сланината исецкајте ја коцки и пропржете ја на сува тава додека да порумени.
– Во подлабока чинија ставете го месото, изренданото јаболко и сланината. Додадете ги пекориното, жолчката, во аван иситнетите семки коморач, 1 лажиче сол и повеќе бибер. Измешајте да добиете компактна маса.
– Смесата поделете ја на 4 дела и со раце обликувајте 4 плескавици.
– Плескавиците ставете ги на чинјја премачкана со масло и покријте ги со пластична фолија. Оставете ги да стојат во фрижидер најмалку 20 минути.
– Потоа извадете ги од фрижидер и ставете ги да се пржат во загреана тава на 2 лажици масло по 4-5 минути од секоја страна. Веднаш префрлете ги во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 5 минути.
– На чинија ставете листови спанаќ или зелена салата, тенки листови јаболко и коморач, посипете со сол и бибер, исцедете сок од лимон и прелијте со маслиново масло. Од страните додадете ги врелите плескавици.