Вкусна кремаста салата …
Потребно е:
300 гр пилешко бело месо
6 кисели краставички
250 гр пченка, од конзерва
200 гр мајонез
2 лажици кисела павлака
Подготовка:
– Пилешкото месо исецкајте го на коцкички, посипете го со сол и бибер и пропржете го на малку масло.
– Оставете го да се излади и потоа помешајте го со пченката од конзерва која претходно убаво сте ја исцедиле.
– Додадете ги ситно сецканите кисели краставички, мајонезот и киселата павлака.
– Измешајте и ставете ја салатата во фрижидер малку да се излади.