Потребно е:
3-4 тиквички со средна големина
брашно
малку мелена црвена пиперка
2-3 чешниња лук
1 китка магдонос
1 чаша (од 200 мл) масло
2 лажици оцет
оригано
сол
Подготовка:
– Тиквичките излупете ги и исецкајте ги на многу тенки тркалца. Увалкате ги во мешавина од брашно, мелена црвена пиперка и сол. Испржете ги во врело масло.
– Лукот ситно исецкајте го и измешајте го со масло, оцет и зачините.
– Во длабока чинија наредете ги тиквичките и прелије ги со мешавината од лук и масло.
– Оставете ги најмалку 1 час во фрижидер да се соединат состојките.
– Сервирајте ги.