Потребно е:
4 тиквички зелени и жолти
1 средно голема главица кромид
1/2 чаша (од 150 мл) ситно сецкан свеж копар
1-2 свежи чили пиперчиња
1 лажиче семе од синап
3 чешниња лук
1/2 чаша јаболков оцет
3/4 чаша вински оцет
1/3 чаша шеќер
свеж магдонос
Подготовка:
– Исецкајте ги тиквичките на тенки тркалца. Истото направете го со кромидот. Целиот зеленчук ставете го во цедалка и потоа во фрижидер да стои неколку часа за да се исцеди вишокот течност.
– Потоа со раце нежно исцедете ги тиквичките и кромидот и распоредете ги помали тегли заедно со чешнињата лук, чили пиерчињата на кои претходно сте им ги извадиле семките, копарот, магдоносот и семето од синап.
– Во сад на рингла ставете да се вари водата и со оцедот, шеќерот и солта. Оставете само кратко да врие. Потоа со оваа течност прелијте го зеленчукот во теглите. Оставете да се излади и чувајте ги во фрижидер.
– Вака подготвените тиквички може да и јадете во сендвичи со сирење или намаз од сирење, а исто се и добар прилог со некое печено парче месо.