Луткастиот вкус ја прави оваа паста идеален оброк за гурмани …
Потребно е:
500 гр тестенини тагатели
сол, бибер
1 кг домати
2 чешниња лук
лута пиперка
100 гр сланина
2 лажици маслиново масло
1 лажица ситно сецкан магдонос
40 гр рендан пармезан
Подготовка:
– Тагателите сварете ги во солена вода.
– Доматите прелијте ги со врела вода, излупете ги и исечете ги на 4 дела. Отстранете ги семките и ситно исецкајте ги.
– Лукот излупете го и ситно исецкајте го. Отстранете ги семките на пиперката и ситно исецкајте ја.
– Сланината исечете ја на ленти и заедно со пиперката и лукот пропржете ги на врело масло. Додадете ги доматите и динстајте уште 5 минути. Додадете сол и бибер по вкус.
– Исцедете ги тагателите и додадете ги во тавата на рингла кај доматите. Кратко загрејте ги и убаво измешајте ги за да се соединат сите состојки.
– Распоредете ги на чинии, посипете со рендан пармезан и сецкан магдонос.