Фини, вкусни солени залачиња …
Потребно е:
4 парчиња леб
3 пикант паштети
2 лажици маслиново масло
2 тиквички
2 средно големи домати
рукола, по желба
Подготовка:
– Кришките леб тостирајте ги или само премачкајте ги со подебел слој пикант паштета.
– Тиквичките излупете ги и исечете ги на 8 надолж сечени парчиња. Пропржете ги на загреано масло.
– Истото напавете го и со доматите.
– Печениот зеленчук ставете го на парчињата леб, одозгора ставете листови свежа рукола и сервирајте ги.