Многу вкусен намаз …
Потребно е:
250 гр свежо кравјо сирење
100 гр путер
100 гр чаден домашен колбас
1/2 лажиче слатка мелена црвена пиперка
1 помала главица кромид
2-3 чешниња лук
сол
ситно сецкан свеж магдонос
Подготовка:
– Изматете го путерот и додадете го сирењето.
– Потоа додадете ги ситно сецканиот кромид, издробениот лук, сол, зачините и црвената пиперка.
– На крај додадете ја и ситно исецканиот домашен колбас и убаво измешајте.
– Овој намаз послужете го со крцкав домашен леб.