Вкусен и здрав оброк за само половина час.
Состојки:
450 гр паста
2 главици ситно сецкан кромид
500 гр шампињони
2 моркови ситно исецкани
2 чешниња лук ситно исецкани
1 лист лорбер
3 лажици маслиново масло
1,5 дцл бело вино
пармезан
сол, бибер, мешан зачин
Подготовка:
Во поголема тава загрејте го маслото и додадете го исецканиот кромид и пржете го додека не омекне.
Додека се пржи кромидот, додате ги морковот, пиперката и лукот. Кратко пропржете се заедно а потоа додадете ги шампињоните (веќе исецкани), додадете ги зачините по вкус и пропржете се заедно 3-4 минути. Налијте малку вино и вода и оставете да крчка 15 минути. Ако е потребно полека додавајте вода.
Сипете малку вино и на посилен оган варете додека виното не испари. На крајот пробајте за вкус.
Додека се крчкаат зеленчукот и шампињоните, сварете ги макароните но не цедете ги целосно оставете малку од водата во која се вареле.
На крајот помешајте ги зеленчукот, макароните и шампињоните.
Додадете малку магдонос и по желба пармезан.