Пијани лигњи од рерна

Од:

Едноставен рецепт за вкусни и фини лигњи од рерна, прелиени со вино и зачинети со медитерански зачини …

Потребно е:
1 кг компири
800 гр лигњи
2 главици кромид
1-2 чешниња лук
околу 20 гр палента (1-2 шаки)
150 мл бело вино
100 мл вода
маслиново масло
сол, бибер
оригано, мајчина душичка, рузмарин или други зачини по желба

Подготовка:
– Излупете ги компирите и ако се поголеми исечете ги на тркалца, а ако се помали оставете ги цели. Ставете ги во еден поголем сад, зачинете ги, полијте со маслиново масло, посипете со палента и убаво измешајте.

– Кромидот исечете го на тенки ленти и додадете го во комирите. Истото направете го и со лукот.

– Сега компирите и кромидот и лукот пресипете ги во голема тава.

– Лигњите посебно зачинете ги со зачини по желба и наредете ги над компирите. Полијте со вино и вода.

– Тавата покријте ја со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 45 минути.

– По 45 минути тргнете ја фолијата и оставете да се запече се додека не добие убава златно румена боја.

– Послужете ги топли полеани со сосот од кромид и зачини од тавата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска