„Pieta” – победник на Филмскиот фестивал во Венеција

Од:

Јужнокорејскиот филм „Pieta”, на режисерот Ким Ки-дука, е добитник на годинешната награда Златен лав за најдобар филм на Венецијанскиот филмски фестивал.

„Pieta” и претходно беше еден од фаворитите за главната награда, меѓу 18-те филмови коишто беа во официјалната конкуренција.

Наградата за најдобар актер ја поделија Филип Сејмор Хофман и Хоакин Феникс, за нивните улоги во филмот „The Master”.

За најдобра актерка е прогласена Хадас Јарон за ролјата во израелскиот филм „Да се исполни празнината”.

Францускиот сценарист Оливие Асеиас е награден за сценариото за политичката драма „Apres Mai”, а режисерот на филмот „E Stato il Filglio”, Италијанецот Даниеле Чипри е награден за најдобра фотографија.

Специјалната награда на жирито му припадна на Австријанецот Улрих Сејдл за филмот „Paradies: Glaub”.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата