Пица со ајвар (посно)

Од:

Потребно е:
450 гр брашно
280 мл вода
70 мл масло
1/2 коцка свеж квасец
1,5 лажиче сол
1 лажиче шеќер

за филот:
2 лажици кечап
2 лажици ајвар
100 гр маслинки
100 гр шампињони
1/2 главица кромид
3 поголеми кисели краставички
1 помала свежа пиперка
50 гр пченка шеќерец
2 големи конзерви туна во масло
300 гр растителен кашкавал
2 лажици оригано

Подготовка:
– За тестото, во еден сад ставете малку топла вода, шеќер и квасецот. Разматете ги и оставете да стаса квасецот.

– Во подлабок сад ставете ги брашното, маслото и стасаниот квасец. Замесете тесто. Оставете го на топло да нарасне додека го подготвувате филот.

– За филот, во еден сад исмешајте ги туната (исцедена од маслото) со ситно сецканиот кромид. Шампињоните исечете ги на тенки листови, пиперката и краставичките на коцки, а маслинките на кругови. Измешајте ги ајварот и кечапот.

– Земете ја големата тава од шпоредот и убаво премачкајте ја со масло. Нараснатото тесто развлечете го со големина на тавата. Ставете го во тавата. Премачкајте го со мешавината од кечап и ајвар.

– Потоа распоредете ја туната со кромидот, па исецканите шампињони, краставички, пиперка, маслинки и пченката.

– Посипете со оригано и на крупно изрендајте го кашкавалот.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Кога ќе поруменат краевите на тестото тогаш пицата е печена.

– Извадете ја од рерна и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска