Едноставно и брзо предјадење …
Потребно е:
лиснато тесто
сос од домати или кечап
варена шунка
топлив кашкавал (ајдамер, гауда), изрендан
суво оригано
Подготовка:
– Лиснатото тесто истенчете го во правоаголен облик со околу 5 мм дебелина.
– Премачкајте го со кечап, но не целосно за да може покасно полесно да го замотате како ролат.
– Над кечапот наредете ја шунката, а над шунката ставете од изренданиот кашкавал. На крај посипете со оригано.
– Внимателно завиткајте го како ролат. Ролатот исечете го на парчина со дебелина околу 1 см и наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-20 минути или додека да добијат убава румена боја.