Пет земји за кои не сте знаеле дека постојат

Од:

Само доколку сте фанатик по географија ќе ги знате сите држави од оваа листа. За нас е неважно колку тие се непрепознатливи како држави, но нивните жители сигурно не мислат така.

5. Вануату

VanuatuВануату има површина од 12.188 квадратни километри и само 243 илјади жители. Деведесет проценти од луѓето одгледуваат и конзумираат риба, 80 отсто живеат во рурални, изолирани села, со сопствени градини и резерви на храна. Нуркањето е мошне популарна туристичка атракција во оваа зеја. Цунамите се чести, а земјотресите имаат негативно влијание на економијата на земјата.

4. Науру

NauruНаури има само 14 илјади жители и само 21 километар квадратен површина. Оваа поранешна германска колонија е позната и како Пријатен Остров во јужниот Пацифик. Луѓето во оваа земја собираат дождовница за време на монсунските дождови меѓу ноември и февруари, бидејќи се мошне ограничени со резервите на вода за пиење. Најпопуларен спорт е австралискиот фудбал, а имаат и фудбалска лига од седум клубови.

3. Тувалу

tuvalu

Тувалу е уставна монархија со кралицата Елизабета Втора на чело на државата. Има 12.373 жители и површина од 26 квадратни километри. Нема редовни воени сили и не троши воопшто пари на одбраната. Тувалу е четврта најмала држава во светот.

2. Коморос

comoros

Коморос е африканска островска нација во Индискиот океан меѓу Мозамбик и Мадагаскар. Тука живеат 798 илјади жители на 2.235 квадратни километри. Островот е стара француска колонија и денеска 300 илјади Коморанци живеат во Франција. Деведесет и осум отсто од населението се од исламска вероисповест.

1. Гуерсни

guernsei

Еве една европска земја за која не сте слушнале. Гуерсни се наоѓа покрај крајбрежјето на Нормандија. Велика Британија има надлежност над оваа земја, но таа не е дел од нејзината територија, ниту дел од Европската унија. Има целосна автономија над внатрешните работи и ја разгледува можноста за постигнување целосна независност од британската круна. Се простира на 77 квадратни километри и има 65.573 жители.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска