Пет работи кои не треба да ги допирате во авионите

Од:

Патувањето со авион е стандардна процедура кога одиме на далечни дестинации, а на некои луѓе им е и попријатно средство за минување и кога станува збор за пократки растојанија.

Доколку се најдете во „челичната птица“ обидете се да ги избегнете следниве површини или допирајте ги што е можно помалку бидејќи кријат мноштво бактерии кои можат да му наштетат на вашето здравје.

1. Подвижното масиче пред вас

Студија на универзитетот од Аризона уште во 2007 година покажа дека четири од шест масички за јадење во авионите соддржат траги од бактерии кои можат да предизвикаат мачнина и повраќање. Стјуардесите и другиот персонал ги бришат овие масички еднаш дневно, па пожено е пред једењето да си ги измиете рацете, а меѓу храната и масичката да ставите некој заштитен слој.

2. Кваката од внатрешната и надворешната страна на тоалетот

Некои луѓе не ги мијат рацете по користењето на тоалетот, па бактериите се пренесуваат на сите површини кои потоа ќе се допрат. Кваката од надворешната и внатрешната страна на тоалетот е кризно жариште за пренесување на овие микроорганизми, најчесто бактеријата Ешерихија коли, која може сериозно да го загрози здравјето.

3. Даската за WC и копчињата за пуштање вода во тоалетот

Од истата причина треба да се воздржите и од директен допир на WC даската, како и на копчињата за пуштање вода. Доколку можете, послужете се со тоалетната хартија, а секако добро измијте си ги рацете после користењето на тоалетните простории.

4. Потпирачите за раце на седиштата

Лицата кои не си ги мијат рацете по користењето на тоалетот бактериите ги пренесуваат и на потпирачите на седиштата во авионите. Бактеријата Ешерихија коли на нив може да преживее дури 96 часа. Иако со оваа бактерија не можете да се заразите со едноставен допир, избегнувајте го триењето за оваа површина, но и допирањето на устата и очите потоа.

5. Прекривки 

Секој ден во авионот се менуваат прекривките, но после една употреба повторно се пакуваат и им се нудат на гостите. Доколку сакате да бидете сигурни дека не се покривате со ќебе што соддржи нечистоии и нечии бактерии, понесете си сопствено ќебе.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска