Пет модни трикови кои ќе направат да изгледате попрофесионално

Од:

Во деловниот свет, облеката што ја носите може да има поголемо влијание отколку што мислите. Без оглед на тоа дали сакате да се дотерувате, дали носите брендирана облека или сте опуштен тип, постојат одредени детали на кои секако треба да се обрне внимание, пишува порталот caffe.ba.

Класичен костум

Инвестирајте во класичен костум кој можете да го носите во сите сезони. Додадете на стајлингот женственост, со свилена кошула.

Салонки

Едноставни салонки се потребни на секоја жена, кои ќе може да ги носи во сите прилики. Избегнувајте ги своите чевли за забава и одберете едноставен, удобен и елегантен пар.

Фустан за сите прилики

Потребен е еден едноставен фустан кој можете лесно да го носите како дел од дневна, и ноќна комбинација. Облечете палто за време на работа, па извадете го и додадете накит за пијалок со колегите после работа. 

Минималистички накит е најдобар за бизнис стајлинг

Минималистички накит  е најдобар избор кога се зборува за моментите минати на работа.. Ако сепак сакате  поголем, впечатлив накит, тогаш се комбинира со едноставен „аутфит“. 

Избегнувајте smokey eyе

За сите жени е многу важно да ги знаат вистинските разлики меѓу дневна и вечерна шминка, а ова правило особено важи за деловните жени. Тие мораат да изгледаат професионално и одмерено пред клиентите и работодавците, но во исто време би требало да се покаже самодоверба и женственост. Од тие причини smokey eye оставете ги за ноќните забави и дружењата со пријателите после работа. 

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски