Дневни Аваз – Сараево
Сите места не се отворени за јавност од очигледни причини – владите и тајните кругови од нас кријат многу работи, барем така веруваат теоретичарите на заговори.
На Гугл Мапс тие се појавуваат пикселизирани, заматени, а понекогаш и целосно избришани – едноставно цензурирани.
1. Снежно седло во Непал
Се нарекува уште и Канктега, а еден е од поголемите врвови на Хималаите во државата Непал со 6782 метри надморска височина. Тоа што е необично е дека на Гугл Мапс се затемнува без никаква очигледна или логична причина. Ако сакате да изградите тајна воена база, тогаш можеби смрзнат снежен врв е одлична скришна локација, барем така мислат теоретичарите на заговори. На Снежното седло човечка нога наводно за првпат стапнала во 1964 година, но постојат многу гласини дека на нејзиниот врв дошле и нацистите во текот на Втората светска војна, кои таму откриле НЛО база и подрачје за разни тестирања. Теоријата е дека ова место се затемнува на Гугл Мапс за да се сокрие тајниот влез во планината и да ги спречат луѓето да ја истражуваат локацијата позната по бројни необични летала кои личат на вонземски.
2. Скршена стрела на Гренланд
На врвот на тензиите во Студената војна, американската авијација водела строго доверлива акција наречена Chrome Dome во која авион B52 летал со огромен арсенал на нуклеарно оружје. Операцијата била откажана кога бомбардерот паднал во 1968 година додека полетувал од аеродромот Туле на Гренланд, а многу луѓе веруваат дека подрачјето „скршена стрела” е пикселизирано поради тоа. Експлозијата наводно го раздвоила мразот на морето, поради што целото подрачје е контаминирано со радиоактивно полнење. Голем дел од нуклеарното оружје од авионот не е најдено, а екипите пратени да ја исчистат територијата наводно настрадале од последици од зрачењето.
3. Copy/paste место во Русија
Во дивината на сибирската тундра постои подрачје кај регионот Чукотка кое многу јасно е исечено, т.е. направено сopy/paste од друго подрачје на Гугл Мапс, а никој не е сигурен зошто. Измамата станува очигледна кога ќе се зумира приказот, па планините одеднаш се претвораат во целосно рамна зона. Русите не се ни трудат толку, тие само го затемнуваат подрачјето на своите карти. Тоа што ја зголемува мистеријата е гласините дека со заливот Креста оперира ЦИА.
Теоретичарите на заговори тврдат дека таму се наоѓа систем за управување со времето HAARP или пак станува збор за некој полигон за тестирања. Други пак мислат дека таа локација е место на масивни депоа на злато каде рударите копајќи во внатрешноста откриле разни мистерии.
4. Пацифички остров кој исчезнал
Островот кој наводно го открил капетан Кук, Сенди долго се прикажувал како дел од Коралното Море кај австралискиот брег. Иако на картите се означувал од 1800 година, луѓето сфатиле дека на многу карти денес не се прикажува, а Гугл Мапс прво ја затемнил локацијата, а потоа и ја замаглил. Дали нешто се случило на островот додека го криеле?
Фантомскиот остров официјално е „сокриен” во 2012 година, кога истражувачки брод не можел да најде ништо на координатите каде требало да се наоѓа. На никого не му е јасно како претходно се прикажувал на картите или што навистина пронашол капетан Кук.
5. Ранчот Џанкшн
Во центарот на пустината Мохаве во Калифорнија се наоѓа ранчот Џанкшн (Junction), место каде наводно се одвиваат воени тестирања и разни мистериозни проекти. Преку големата база постојат цела низа необични калибрациски мети изложени во геометриски примери, додека на крајот на авионската писта се наоѓа необичен систем со мобилна опрема за тестирање и воени возила. Но, тоа што е нај интересно е како делови од пистата очигледно се исечени од Гугл Мапс и не се прикажуваат ни на други карти.