Пет древни градови, кои и натаму се мистерија за научниците

Од:

Светот е полн со разурнати древни градови, кои веќе со векови претставуваат мистерија за генерации археолози. Без разлика на новите информации што се добиваат за одредени древни цивилизации, некои населени места и градови и натаму остануваат целосно несфатливи за модерните научници.

Следуваат пет такви градови ширум светот:

1. Паленка, Мексико

Како еден од најзачуваните градови-држави на Маите, Паленка се вклопува во целокупната мистерија, која ја опкружува целата мајанска цивилизација, која се издигнала и владеела со големи територии во Мексико, Гватемала, Белизе и Хондурас, за потоа од непознати причини да пропадне.

Научниците до денешен ден се обидуваат да ги откријат вистинските причини за исчезнувањето на овие древни градови, кои дефинитивно се напуштени околу 1400 година.

Паленка својот процут го доживеала за време на класичниот период на мајанската цивилизација, меѓу 700. и 1.100. година од нашата ера.

2. Деринкују, Турција

Дренкују е огромен подземен град, кој датира од раното Византиско Царство. Не е познато кога е формиран градот, но според некои податоци тоа се случило околу 7. век пне., меѓутоа својата целосна сила и големина ја достигнал меѓу 500 и 1000 година од нашата ера.

Во најплодниот период, во градот кој имал пет подземни нивоа живееле околу 20 илјади луѓе, кои одлегувале добиток, живина, изградени се цркви, а развиено било и производството на вино.

Градот во 10. век е затворен, а во 1969 година е повторно отворен за јавноста.

3. Помпеја, Италија

Познато е дека градот Помпеја е затрупан по ерупцијата на Везув во 79. година од нашата ера, но и неколку години пред таа катастрофа силен земјотрес оштетил делови од градот, така што голем број домови уште тогаш биле напуштени.

Градот е мошне добро зачуван, а археолозите имале можност да откријат мошне интереси порнографски ѕидни цртежи и статуи, кои биле присутни во сите простории за живеење, од трпезариите до јавните бањи, што фрлило сосема ново светло на секојдневниот живот во Римското царство.

4. Мачу Пикчу, Перу

Многу мистерии се појавуваат, кога станува збор за Инките, кои доминирале со делови на сегашните Перу, Чиле, Еквадор и Аргентина стотици години пред шпанската инквзиција.

Иако се знае доста за нивната технологија, архитектура и напредното земјоделство, научниците и натаму не се во состојба да ги прочитаат нивните таписерии, односно нивното писмо, кое се состоело од чворови и коноп.

Исто така не е јасно како една толку голема цивилзиација никогаш не изградила ниту еден пазар. Во ниту еден од другите преостанати градови на Инките нема никакви траги од пазар, па големо прашање е како се извршувала трговијата во овие места.

5. Голем Зимбабве, Зимбабве

Една од големите мистерии во јужна Африка, е големиот град, денес познат како Голем Зимбабве.

Во градот живееле околу 30 илјади лица, а тој бил во најголем развој меѓу 1200 и 1450 година, кога активно учествувал во трговијата со Индија и Кина.

И натаму не е познато до каде се ширело влијанието на овој мошне богат град, а не е ниту сосема јасно, со каква дејност се занимавале неговите граѓани.

Како и голем број древни градови, така и Голем Зимбабве доживеал ненадејна и неопјаснива пропаст.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска