Вкусно и ароматично …
Потребно е:
1 средно големо печено цвекло
2 помали печени чешниња лук
неколку листови нане
1 рака бадеми
1 цитрон
пекорино сирење
пармезан
маслиново масло
Подготовка:
– Цвеклото измијте го убаво и испечете го во загреана рерна на 200 целзиусови степени во тава обложена со хартија за печење околу 1 час.
– И лукот испечете го во рерна околу 30 минути.
– Излупете го испеченото цвекло и исецкајте го на помали парчиња.
– Лукот и сецканото цвекло ставете ги во аван и издробете ги.
– Додадете ги бадемите кои претходно сте ги бланширале и излупиле, а потоа и сокот од цитрон и листовите нане. Повторно убаво издобете ги во аванот.
– Додадете и малку маслиново масло, а на самиот крај и двете врсти сирење и убаво измешајте.