Министерството за одбрана на САД прв пат официјално и експлицитно призна дека се занимава со испитување на „неидентификувани летечки феномени“.
Американската војска истражуваше, а и понатаму ќе ги истражува пријавите за неидентификувани летечки објекти (НЛО), призна Пентаон.
Со оваа потрага по можни вонземјани се бавеше тајната иницијатива при Министерството за одбрана на САД, наречена Напреден програм за идентифинакција и закани во воздушниот простор (AATIP),која беше згасната во 2012 година.
-Министерството за одбрана истражуваше неидентификувани воздушни феномени. Тоа ќе го работиме и понатаму. Мораме да ги идентификуваме сите леталаа кои оперираат во нашиот воздушен простор како и сите странски активности кои може да бидат закана за нашата татковина.
Министерството ќе продолжи да испитува, рече за Нјујорк пост Кристифер Шервуд, портпарол на Пентагон. Ник Поуп, поранешен британски офисер задолжен за испитување на НЛО вели дека ова е бомбастично признание.
-Официјалните лица секогаш беа внимателни во објаснувањето дали ја испитуваат само следната генерација авиони, проектилите или дроновите. Ова признание јасно укажува дека го испитуваат и она што јавноста го знае како НЛО. Се разбира, поради товарот на тој термин ја користат конструкцијата „неидентификувани воздушни феномени“, рече тој.