Пенелопе Круз – ново заштитно лице на Шанел

Од:

Францускиот бренд Шанел наскоро ќе добие нова промоторка со латино стил. Се работи за шпанската глумица Пенелопе Круз – новата амбасадорка на овој светски познат бренд.

Оскаровката која, меѓу другото, многу добро се познава со еден од највлијателните дизајнери на Шанел, Карл Лагерфелд, е снимена на модна ревија на брендот за облека, што е прво нејзино појавување во јавноста како бренд амбасадор.

Таа ќе биде заштитно лице на ексклузивната „Круз“ кампања, осмислена и реализирана од Лагерфелд.

– Тоа е бренд икона, а Карл е генијалец. Јас се воодушевувам од се што тој чини, така што големо задоволство ми е да соработувам со него. Дури и позирање пред неговиот објектив е вистинска авантура, изјави Круз.

Со ова, таа се придружува на популарните дами кои во минатото потпишаа за овој бренд – Марго Роби, Кира Најтли, Кристен Стјуарт и Лили Роуз Деп.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски