„Пејпал“ проценет на 44 милијарди долари

Од:

Системот за електронско плаќање Пејпал е проценет на 44 милијарди долари. Најголемата светска интернет аукциска куќа Ибеј планира да ја одвои во независна компанија, објави Фајненшал тајмс.

Акциите на Пејпал вчера беа вклучени во трговскиот систем на берза со напомена дека се „во очекување емисии“ и по мали колебања, нивната вредност е фиксирана на 36,4 долари.

На тој начин, Пејпал чини околу 60 отсто од пазарната капитализација на Ибеј.

Од 6 јули акциите на Ибеј се достапни во две варијанти – со право на добивање акции на Пејпал по реорганизацијата и без таква можност.

Официјалното раздвојување ќе биде на 20 јули. Акционерите во Ибеј ќе добијат по една акција во Пејпал на секоја акција во Ибеј. Пејпал за првпат спроведе иницијална јавна понуда во 2002 година по што Ибеј ги купи за 1,3 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Целосна дигитализација на административните услуги и воведување ПејПал, ветува ВМРО-ДПМНЕ

А1он

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска