Потребно е:
250 гр суви сливи
125 мл ракија
1,4 кг свинско каре
10 свежи листови жалфија
сол, бибер
2 лажици маслиново масло
1/2 чаша (1 чаша=250 мл) моркови, сецкани на коцки
1/2 чаша целер, сецкан на коцки
1/2 чаша кромид, покрупно исецкан
4 чешниња лук
2,5 чаши пилешка супа
Подготовка:
– Во помал сад ставете ги сувите сливи и прелијте ги со ракија. Оставете ги да стојат 1 час. Извадете ги од ракијата и ставете ги во чинија, а во ракијата оставете само 4 сливи.
– Со остар нож исечете го месото по средина, направете подлабок рез како џеб, од едната до другата страна. Резот наполнете го со сливи.
– Месото заврзете го кујнски конец и убаво посипете го сол и бибер. Листовите жалфијаставете ги меѓу конецот и месото од сите страни.
– Месото премачкајте го со масло и ставете да се пече во загреана рерна на 230 целзиусови степени околу 15 минути. Смалете ја температурата на 200 степени.
– Во тавата додадете го сецканиот зеленчук околу месото и печете уште 15-тина минути.
– Потоа додадете ги 4-те сливи заедно со ракијата и печете 10 минути.
– Месото прелијте го со супата и повторно вратете го во рерна 30-40 минути. Од време на време преливајте го месото со сокот од тавата.
– Кога температурата на место ќе достигне 155 степени или кога ќе добие убава златно-кафена боја, месото е печено.
– Извадете го зеленчукот од тавата, исцедете го во цедалка и испасирајте го.
– Проверете го сосот дали е доволно солен и ако е потребно додадете уште сол и бибер.
– Месото исечете го на тенки парчиња и прелијте го со сосот од тавата. Ставете од испасираниот зеленчук.