Меко, сочно, совршено …
Потребно е:
800-1000 гр телешки ребра
1 кр компири
1 поголем морков
2 чешниња лук
1 пиперка
1 помала главица кромид
масло, по потреба
сол
малку рузмарин
Подготовка:
– Месото измијте го убаво, исушете го со хартија, посолете го и ставете го во тавата во која ќе го печете. Посебно во еден сад загрејте малку масло и со врелото масло прелијте ги ребрата во тавата. Одозгора посипете со рузмарин.
– Тавата покријте ја со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 250 целзиусови степени околу 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени.
– Додека се пече месото излупете ги компирите и останатиот зеленчук.
– Кога месото ќе биде на пола печено извадете го од тавата и во тавата наредете ги компирите и зеленчукот, посолете по желба и посипете со малку масло.
– Одозгора ставете го месото, полијте со 1 чаша врела вода и повторно затворете ја тавата со алуминиумска фолија. Вратете ја тавата во рерна и печете уште околу 1 час. Пред крај на печењето тргнете ја фолијата и печете 10-тина минути откриено.