Печен пудинг со чоколадо и лешници

Од:

Подгответе го овој необичен пудинг со чоколадо и лешници кој прво се вари, а потоа се пече. Оваа топло-ладна комбинација ќе ви даде несекојдневно слатко задоволство.

Потребно е:

за пудингот-првата смеса:
путер за премачкување на калапот
125 гр млеко
50 гр путер
40 гр чоколадо за готвење
1 лажица какао во прав
50 гр пченично остро брашно тип 400
25 гр пченично меко брашно тип 550
1/2 лажиче прашок за пециво
50 гр лешници
75 гр шеќер во прав
75 гр кафеав шеќер
1 јајце

за пудингот-втората смеса:
125 мл слатка павлака
1 ванилин шеќер
50 гр чоколадо за готвење
50 гр чоколаден крем (Нутела, Еурокрем…)
2 лажици ликер од лешник
за послужување:
200 гр сладолед од ванила
Подготовка:
за пудингот-првата смеса:
– Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени. Земете 4 мали огноотпорни калапи (од 250 мл) и убаво премачкајте ги со путер.
– Во еден сад измешајте ги млекото, путерот, чоколадото и половина од какаото. Садот ставете го на рингла и загревајте го на тивко со постојано мешање додека не добиете хомогена смеса.
– Во друг сад измешајте ги брашната, прашокот за пециво, ситно исецканите лешници, шеќер во прав и половина од кафеавиот шеќер.
– Додадете го јајцето, смесата со чоколадо и измешајте убаво додека не добиете хомогена смеса.
– Оваа смеса распоредете ја подеднакво во калапите.
за пудингот-втората смеса:
– Во еден сад заедно измешајте ги водата, путерот, остатокот од кафеавиот шеќер и какаото. Ставете го садот на рингла и загревате го на тивко додека не добиете хомогена смеса.
– Оваа смеса со лажица внимателно распоредете ја во калапите, но внимавајте да не ви се измешаат двете смеси.
– Калапите ставете ги да се печат во зареаната рерна околу 25 минути.
за сосот:
– Додека се пече пудингот измешајте ги слатката павлака и ванилиниот шеќер и ставете да се вари.
– Тргнете го садот од рингла и додадете го чоколадото. Измешајте убаво.
– Потоа во горната смеса додадете го чоколадниот крем, ликерот од лешници и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
– Печениот пудинг извадете го од рерна и оставете го 5-10 минути да се излади. Потоа одозгора ставете од сладоледот од ванила, прелијте со сосот и веднаш послужете.
Совет: Послужете го топол, затоа што пудингот брзо го впива сосот.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска