Печен јагнешки бут со зачини и песто од нане

Од:

Ароматично и сочно месо со медитерански шмек …

Потребно е:
1 јагнешки бут (1,8-2 кг)
сок од 1 лимон
сок од 1 портокал

за пестото од нане:
3 чешниња лук
1/2 китка нане (само листовите)
1/2 китка див лук (околу 15-20 листови)
2 лажици сецкани бадеми

50 мл масло
сол

4 чешниња лук, исечени на пола
1 лажиче цимет во прав
150 мл бело вино
150 мл вода
3 гранчиња рузмарин
сол, бибер

Подготовка:
– Јагнешкиот бут убаво измијте го и исушете го. Ставете го во пласточна кеса и прелијте го со сокот од лимон и портокал. Оставете го да се маринира преку ноќ во фрижидер. Од време на време превртете ја кесата за да месото се маринира рамномерно.

– Утрината извадете го парчето месо од кесата и убаво премачкајте го со сол, бибер и цимет. Со остар нож засечете го на неколку места и во дупките ставете го лукот и гранчињата рузмарин.

– За пестото од нане во блендер ставете ги дивиот лук, нането, маслото и бадемите и убаво измелете додека не добиете хомогена смеса.

– Јагнешкиот бут убаво премачкајте го од сите страни со пестото. Пестото што ќе ви остане ставете го во фрижидер.

– Бутот ставете го во подлабока тава претходно убаво намачкана со масло и ставете го да се пече во убаво загреана рерна на 220 целзиусови степени. Нека се пече 10-тина минути од едната страна и потоа превртете го и допечете го уште 10-тина минути од другата страна.

– Тавата со месото извадете ја од рерна и полијте го месото со виното, водата и солта. Покријте со алуминиумска фолија. Намалете ја температурата на 170 степени и допечете го месото уште три часа и 30 минути.

– Извадете го месото од рерна и оставете го да се одмори 10-тина минути.

– Пред да го сервирате премачкајте го со преостанатото песто, исечете го на парчиња и полијте со сосот од печењето.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска