Пеачката Сара Брајтман ќе патува во вселената

Од:

Британската пејачка Сара Брајтман ќе патува во вселената до Меѓународната вселенска станица како турист.

Оваа 52-годишна пејачка, која се прослави во Велика Британија со својот настап во мјузиклот „Фантомот во операта“, што 25 години секоја вечер се изведува во лондонскиот Вест Енд, навести дека можеби и ќе пее во вселената нешто од својот богат репертоар во изминатиот четврт век.

Засега не се знае кога ќе биде изведен летот на Брајтман до вселенската станица, но се претпоставува дека тоа ќе се случи во 2013 година.

Пред тоа, таа ќе помине шест месеци во Русија, во интензивни подготовки и тренинг за вселенското патување.

Организатор на туристичките вселенски патувања до МВС е американската компанија „Спејс адвенчр“. Оваа компанија има договор со руската вселенска агенција, за три комерцијални летови во текот на една година.

Договорот е постигнат откако Русија одлучи да го зголеми бројот на летовите со ракатета „Сојуз“.

Првиот турист во вселената беше Американецот Денис Тито кој леташе до меѓунардната станица во 2001 година.

Досега вкупно седум туристи патувале во вселената, а еден од нив, американски софтвер експерт, призна дека задоволството да биде космонаут и да лета и престојува на вселенската станица го чинело 35 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Спас од лажни вести преку новата апликација на GRID

Ана Ололовска

Не биди роб на социјалните медиуми, земи ја контролата во свои раце

Наум Локоски

Во Македонија дневно се произведуваат 6.000 вести. Како да дојдете до оние што вас ве интересираат?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мисовски: Никола зрело време е да си одиш!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ангелов: Кога се појавија албански знамиња, Бранко не побегна во Америка како Никола

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Жерновски: Власта да падне за да се крене Македонија

Ана Ололовска