Пченкарни мафини со фета сирење и млад кромид

Од:

Сервирајте ја на малку поинаков начин домашно направената проја …

Потребно:
2
 јајца
1 чаша (од 200 мл) брашно, половина пченкарно/половина пченично
1/2 чаша масло
1/2 чаша млеко
малку прашок за пециво
1/2 лажиче сол
1 младо кромидче
100 гр фета сирење
малку шунка

Подготовка:
– Јајцата пенесто изматете ги со миксер, додадете сол, брашно, прашок за пециво, млеко и масл. Матете додека не добиете хомогена смеса.

– Шунката и младото кромидче ситно исецкајте ги, а фета сирењето издробете го. Овие состојки додадете ги во смесата со јајца и брашно. Измешајте со дрвена лажица.

– Во калапот за мафини ставете ги корпичките за мафини, или пак ако немате намастете го отворите од калапот со масло и посипете со малку брашно. Наполнете ги со смесата до врв. Ќе добиете 12 мафини.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени, 15-20 минути.

– Ако сакате да направите класична проја во тава, тогаш само удвоите ја количината на состојките.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска