Патување од соништата за вистинските гурмани

Од:

Една британска туристичка агенција нуди незаборавно гастрономско патување во сите 109 ресторани со Мишелин ѕвезди во светот. Авантурата, поради која ќе морате да го олабавите ременот, трае шест месеци и во неа ќе ужива само еден пар и тоа по цена од 211 илјади евра.

Патниците, кои го добиваат овој аранжман ќе посетат 12 земји и ќе ги пробаат најпознатите специјалитети на најдобрите ресторани на планетата.

Во просек ќе посетуваат по еден ресторан на секои два дена, а ќе имаат време и да го „сварат оброкот“ посетувајќи ги дестинациите.

Освен врвните ресторани како Суши Јошитаке во Токио, Пер Се во Њујорк, Меурис во Париз, во цената се вклучени и авионскиот превоз со бизнис класа и престојот во луксузни хотели во текот на тие шест месеци.

Холидејсплис, кој го организира ова патување, вели дека е најлуксузното, кое досега го понудил.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска