Една британска туристичка агенција нуди незаборавно гастрономско патување во сите 109 ресторани со Мишелин ѕвезди во светот. Авантурата, поради која ќе морате да го олабавите ременот, трае шест месеци и во неа ќе ужива само еден пар и тоа по цена од 211 илјади евра.
Патниците, кои го добиваат овој аранжман ќе посетат 12 земји и ќе ги пробаат најпознатите специјалитети на најдобрите ресторани на планетата.
Во просек ќе посетуваат по еден ресторан на секои два дена, а ќе имаат време и да го „сварат оброкот“ посетувајќи ги дестинациите.
Освен врвните ресторани како Суши Јошитаке во Токио, Пер Се во Њујорк, Меурис во Париз, во цената се вклучени и авионскиот превоз со бизнис класа и престојот во луксузни хотели во текот на тие шест месеци.
Холидејсплис, кој го организира ова патување, вели дека е најлуксузното, кое досега го понудил.