Патниците на крузерите добија Повелба со права

Од:

Асоцијацијата Круз Лајнс Интернешнл, најголемата асоцијација на круз оператори на светот, најави дека ќе усвои Повелба за правата на патниците.

Повелбата во САД веднаш ќе стапи во сила, независно од планот за нејзино усвојување во другите земји.

Круз компаниите веќе спроведуваат голем дел од тие права кога ќе се случи некој проблем на бродот. На пример вообичаено е компаниите на патниците да им враќаат дел од парите или целата сума за прекинато или откажано патување.

Меѓутоа во Повелбата постојат и одредени моменти, кои би ги промениле работите за патниците на крузерот Карнивал Триумф, кој беше пет дена насукан со три илјади патници на него, кои беа принудени да престојуваат во очајни услови. Тие не можеа да го напуштат бродот, бидејќи не бил во пристаниште кога снемало струја.

Следува комплетната Повелба на правата на патниците:

– Патниците имаат право да го напуштат вкотвениот брод, доколку основните работи, како храна, вода, тоалет и медицинска опрема не им се достапни.

– Патниците имаат право на враќање на парите за патот, кој е откажан поради механички проблеми или правото на делумно враќање на парите за пат, кој е прекинат поради истите причини.

– Патниците имаат право постојано на располагање да имаат медицинска екипа, кога се во прашање бродовите, кои пловат надвор од речните текови или крајбрежните води.

– Патниците имаат право навремено да бидат информирани за секоја промена на планот во случај на механички дефект или други итни ситуации, како и зачестени известувања за напредокот во решавањето на потенцијалните проблеми.

– Патниците имаат право на обучен екипаж и на помошни генератори во случај на престанок на струјата.

– Патниците имаат право на превоз до пристаништето во кое се завршува крстарењето или до домот во случај на прекин на патувањето поради механички проблеми.

– Право на секој сајт на операторите да постои бесплатен телефон, на кој можат да се јават за да ги добијат потребните информации.

– Право оваа Повелба да биде објавена на сајтот на сите круз оператори.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска