Пастичо – Печени макарони со мелено месо

Од:

Многу вкусен специјалитет со макарони и мелено месо. Вистинско уживање за сите сетила.

Потребно е:

за филот:
2 лажици маслиново масло
половина главица кромид, ситно исечкана
2 чешниња лук, ситно исечкани
1 стапче целер, ситно исечкан
500 гр мелено месо
100 мл црвено вино
200 гр пелати
1 лажица доматно пире
половина стапче цимет
на врв на нож мелено каранфилче
половина лажиче суво оригано
1 лажиче свежо оригано
1 ловоров лист
50 мл вода
сол и бибер

за тестенините:
250 гр ригатони, сварени
1 јајце
50 гр рендан кашкавал (грчка верзија на кашкавал: кефалотири)
пола рака лебни трошки
растопен путер
бешамел сос

Подготовка:
– Во теџере на оган, ставете го маслото да се загрее.

– На загреаното масло ставете ги кромидот, лукот и целерот да се пропржат.

– Ставете го меленото месо и пржете го неколку минути додека да добие боја.

– Потоа, ставете ги виното, доматите, доматното пире, зачините (цимет, каранфилче, оригано, ловор). Додадете ја водата. Зачинете со сол и бибер.

– Оставете го филот да се крчка 30 до 40 минути.

– Кога филот ќе биде готов, тргнете го од оган и извадете ги ловорот и циметот.

– Тестенините сварете ги ал денте.

– Направете го бешамел сосот. Во топлиот бешамел, ставете едно разматено јајце и кашкавал.

– Во сосот ставете ги тестенините.

– Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени.

– Земете едно тавче за печење, намачкајте го со растопен путер и ставете 1/3 од тестенините, а врз нив ставете половина од филот со мелено месо. Потоа, ставете уште една третина од тестенините и ставете го преостанатиот фил. На крај, ставете ја последната третина тестенини и прелијте со преостанатиот бешамел.

– Од горе, попрскајте со микс од рендан кашкавал и лебни трошки.

– Печете во загреана рерна околу 40 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска