За сите љубители на тестенини, едноставна и брза паста …
Потребно е:
350 гр тестенини по избор
80 гр пршута
1 помала главица кромид
1 тиквичка (околу 250 гр)
1 мало чешне лук
400 мл неутрална павлака
сол и бибер, по вкус
10 гр путер
1 лажица рендан пармезан
Подготовка:
– Исецкајте го кромидот на мали коцки,а пршутата на ленти. Излупете ги тиквичките, исечете ги на тркалца, а потоа секое тркалце на пола.
– Тестенините ставете ги да се варат според упатството на пакувањето. Додека се вари пастата преминете на подготовка на сосот.
– На малку маслиново масло пропржете ја пршутата и потоа префрлете ја во чинија и тргнете ја на страна.
– Во истата тава ставете путер и пропржете го кромидот. Потоа додадете ги тиквичките и динстајте ги додека да омекнат, но внимавате да не се распаднат, треба да крцкаат.
– Кога ќе омекнат тиквичките сипете ја павлаката, додадете поголем дел од пршутата (оставете малку за сервирање), додадете го изренданиот лук, потоа и сол и бибер по вкус и пармезан.
– Измешајте и оставете на тивко да се крчка додека да се згусне малку павлаката.
– Во сосот додатете ги исцедените тестенини, измешајте убаво и послужете.
– Украсете со парчиња испржена пршута и рендан пармезан.